Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Оливер Вархеји, на Твитер порача дека сега е моментот за одговорни одлуки и Западниот Балкан треба да биде дел од Европската Унија.
“ЕУ многу сериозно ги сфаќа сите бугарски грижи и тие сега се дел од преговарачкиот процес. Сега е моментот за одговорни одлуки. Западниот Балкан треба да биде дел од нашата Европска Унија. Заедно ќе бидеме посилни, напиша Вархеји на Твитер во пресрет на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Брисел.