Кристијано Роналдо најверојатно ќе остане во Јунајтед и ќе се појави на подготовките за новата сезона на почетокот на јули и покрај наводите дека ќе го напушти „Олд Трафорд“, објавија британските медиуми.
Португалскиот весник „Рекорд“ објави дека Роналдо сака да си замине по само една сезона на „Олд Трафорд“ затоа што стравува дека новиот тренер Ерик тен Хаг нема доволно способност да се бори за трофеи, но и затоа што е незадоволен од работата на клубот за летниот трансфер период.
Сепак, Скај објави дека 37-годишниот Роналдо се очекува да дојде на подготовките на тимот на почетокот на јули, кога ќе се врати од одмор.
Тој доби малку подолга пауза бидејќи во јуни со португалската репрезентација одигра три натпревари во Лигата на нациите.
Скај Германија објави дека Баерн Минхен би сакал да го доведе Роналдо во случај напаѓачот Роберт Левандовски да замине во Барселона.
Раководството на германскиот шампион се обидува да го убеди Левандовски да остане и во последната година од договорот и покрај понудата на Барселона од 40 милиони евра.
Фудбалерите на Јунајтед, ќе се соберат во понеделник во клупскиот тренинг центар, а останатите играчи ќе пристигнат на почетокот на јули.
Пол Погба, Џеси Лингард, Единсон Кавани, Немања Матиќ и Хуан Мата ќе го напуштат клубот, бидејќи нивните договори истекоа.
Раководството се уште нема доведено ниту еден фудбалер во летниот преоден рок, но, како што објави Скај, во клубот нема паника, бидејќи сакаат да ги доведат вистинските играчи за вистинската цена.
Јунајтед преговара со Барселона за трансферот на Френки де Јонг, но е заинтересиран и за одредени играчи на Ајакс од каде дојде новиот тренер.
The post Британските медиуми децидни – Роналдо не заминува во Баерн, тој … appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico