(ВИДЕО+ФОТО) Дали го препознавате овој господин? – Тој е најпознатиот ќелавко во светот!

Сподели

Долгогодишниот најдобар светски фудбалски судија, а сега веќе во пензија, Пјерлуиџи Колина беше познат по својот авторитет, одлично чувство за игра и судење без грешка со минимални пропусти.

фото: youtube/Goalside

Многумина се склони да кажат дека тој е единствениот судија на кој не би му требал ВАР технологијата.

Иако во тинејџерските години играл фудбал, на 17 години почнал да посетува курсеви за правилата на фудбалската игра бидејќи решил да стане судија.

Додека студирал економија, кој го завршил на 24 години, почнал да суди и во аматерски ранг. Тогаш почнал да боледува од ретка болест алопеција. Во период од две недели остана без брада, коса, па дури и влакна на рацете и телото.

На интернет се појави и фотографија од Колина со долга црна коса.

Ова го објави италијанскиот Скај спорт во емисијата „Мајстори на фудбалот“.

фото: Facebook

Кога почнал да суди во Серија А во 1991 година, Колина беше целосно ќелав, а ќелавата глава некако стана негов заштитен знак.

Тој ги судеше најважните натпревари во Серија А, познатото финале во Лигата на шампионите во 1999 година помеѓу Баерн и Манчестер Јунајтед и финалето на Светското првенство во 2002 година помеѓу Бразил и Германија.

The post (ВИДЕО+ФОТО) Дали го препознавате овој господин? – Тој е најпознатиот ќелавко во светот! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico