Шпанскиот тенисер тренираше на Централниот терен со Италијанецот Матео Беретини, кој денеска се повлече од Вимблдон поради позитивен резултат на корона.
Короната прави хаос на Вимблдон! По хрватскиот тенисер Марин Чилиќ, и тој е позитивен на корона, а е еден од најголемите фаворити за освојување на турнирот – Италијанецот Матео Беретини.
Беретини денеска ја информираше јавноста дека бил принуден да се повлече од турнирот бидејќи бил позитивен на вирусот.
Пред да замине во изолација, Италијанецот тренираше со Надал. Матео беше со Шпанецот на Централниот терен, разговараше со него, правеше селфи, се ракуваше и така го загрози и него!
Англиските медиуми побрзаа да објават дека и Новак тренираше со Чилиќ пред неколку дена и дека може да го напушти турнирот доколку се покаже позитивен на вирусот, а сега кога нивниот миленик е загрозен, нема такви шпекулации.
Се уште не се знае дали Надал бил тестиран и каков бил резултатот.
Шпанецот треба да го одигра првиот осминафинален натпревар против Франциско Серундол. Тој дуел треба да започне околу 16 часот на Централниот терен.
The post ВИМБЛДОН останува без главните фаворити? – Џоковиќ и Надал биле во контакт со заразените Чилиќ и Беретини! appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico