ФРОДЕМ: ДПМНЕ и СДСМ на отворена јавна сцена прават циркус

Сподели

frodem-860x678

Во Р. Македонија тече мед и млеко. Нема веќе, односно решена е политичката криза и сиромаштијата и затоа на ДПМНЕ и СДСМ главна преокупација и сфера на интерес им се тривијалностите. И едните и другите

Имено ДПМНЕ, за да ги сокрие криминалите на вршушката и останатите функционери како и издавањето на еврообврзницата, во овој момент смета дека најголем проблем е сообраќајниот прекршок на пратеничката Лидија Димова. Нивната служба за комуникација со јавноста со помош на корумпираните и контролирани медиуми во текот на целиот вчерашен ден извршија инвазија на сите наши сетила за неплатената казна за сообраќаниот прекршок на пратеничката. Димова во истиот стил како и ДПМНЕ. Таа се жали дека полцијата ја срамела пред соседите….! Трагикомедија во еден чин со две главни улоги.

 Oтако СДСМ си ја ,,нареди” работата со Анекс на договорот од Пржино, се нафати со друга ,,голема” работа. Конечно го открија непријавениот стан на директорот на Агенцијата за разузнавање Чулев. И затоа и тие како и ДПМНЕ вчера ја бомбардираат целата македонска јавност со стерилно соопштение за ,,големиот нивен успех”. Чудно е како одеднаш СДСМ замолче за специјалниот суд или за специјалното одделение?! Како и зошто ги заборави останатите партии и здруженија кои се опозиционо настроени. Молк за шарените, невладините, фракциите па дури и Хорхета. По се изгледа најважна задача им е вдомување во извршната власт. 100 дена….100 дена. Земи кога ти се дава…!?

За да си ја исполнат зацртаната задача фабриките за баналности и деманти, продуцирање афери и манипулации и на ДПМНЕ и на СДСМ, работат 24/7. Не е битно квалитетот на сработеното и објавеното, туку количеството на соопштенија и пресс конференции со кои се замајува јавноста. И едните и другите соочени со својот рејтинг (на едните вртоглаво им паѓа, а на другите не им се качува онака како што посакуваат), со вакви банални активности се обидуваат да го оттргнат и пренасочат вниманието на јавноста, од усогласените решенија во Анекс на договорот од Пржино, исклучиво само во нивна полза и со однапред познат победник на ,,фер и демократски избори“ до крајот на 2016 година.

Се` друго е за еднократна употреба и декор.