ЕБОР и донаторите поддржуваат 5.000 бизниси на Западен Балкан кои се управувани од жени

Сподели

 

  • ЕУР 65 милиони на кредити за бизниси управувани од жените во Западен Балкан
  • Финансиската и советодавната поддршка им помогна на жените предприемачи да ги поттикнат бизнисите
  • Иницијативата е поддржана од донаторските фондови на Шведска, Луксембург и Италија

Од 2014 година до денес, околу 5.000 компании управувани од жените на Западен Балкан добија финансиска и советодавна поддршка од ЕБОР и донаторите, кои им помогнаа да го зголемат обемот на бизнисот и да станат поконкурентни.

Финансирањето на бизнисите кои се управувани од жени се одвива преку ЕБОР и Програмата финансирана од донаторите – Жени во бизнис , кои ги поддржуваат жените предприемачи преку обезбедување на финансирања и советодавни услуги.

Со цел да ги обележи резултатите и да ги сподели научените лекции, ЕБОР организираше настан на кој беа присатни 13 партнерски финансиски институции од сите 6 земји на Западен Балкан, вклучувајќи големи комерцијални банки и не-банкарски микро-финансиски институции.

До денес, под Програмата Жени во бизнис, распределни се над ЕУР 65 милиони за микро, мали и средни претпријатија управувани од жени. Повеќе од 60% од овие кредити се за жените во рурални и помалку развиени региони надвор од главните урбани центри.

Проценката на влијанието од првата фаза на програмата, која заврши во 2019 година, покажа дека 96% од деловните активности биле поттикнати и резултирале во зголемување на приходите, каде една третина бележеле зголемување од 25 до 50 отсто. Било проценето дека 94% од корисниците на поддршката, го зголемиле бројот на вработени, креирајќи скоро 3.000 работни места во регионот.

Покрај придобивките од кредитите, жените предприемачи имаат корист и од поддршката за консултантските проекти, обуките, менторите и активностите на вмрежување. Овие грантови се финансирани од ШведскаЛуксембург и Италија.

Александра Вукосављевиќ , Директор, Финансиски Инстритуции, Западен Балкан, ЕБОР изјави: ,,Жените предприемачи играат клучна улога во креирањето на работните места и зголемување на економскиот раст. Цврсто сме уверени дека креирањето на еднакви можности за жените во бизнис не е само прашање на родова еднаквост, но и економски приоритет. Заради ова, во земјите каде ЕБОР има активности, ги поддржуваме жените предприемачи за да успеат и да бидат повеќе ангажирани во бизнис активностите.”

Програмата Жени во бизнис, за прв пат беше лансирана во Босна и Херцеговина во 2014 година, за потоа да се прошири на останатите пет земји од Западен Балкан. Во моментов програмата е поддржана од Шведска.

Мариа Мелбинг, Раководителка на одделот за Западен Балкан и Турција, Агенција за меѓународен развој и соработка на Шведска изјави: ,,Инклузијата на жените и обезбедувањето услови жените предприемачи да учествуваат во економскиот живот под еднакви услови како машките, е основа за било каков долгорочен инклузивен економски развој. Економскиот застој како последица од влијанијата од пандемијата и руската војна во Украина, во голема мерка ги погодија бизнисите управувани од жени. За да има економско опоравување, фунционален финансиски сектор со пристап до капитал и финансиски советодавни услуги е клучно за МСП, особено оние во сопственост на жените. Со експертизата на ЕБОР и искуството во поддржување на пристап до финансиите преку позајмување и градење на капацитетот, Агенција за меѓународен развој и соработка на Шведска е уверена дека ќе продолжи да пружа одлична поддршка преку агендата за охрабрување на жените на Западен Балкан.”

Женското предприемаштво на Западен Балкан продолжува да се соочува со предизвици поврзани со родовата еднаквост, како во однос на пристапот до финансии и советодавни услуги, така и со ограничените економски можности за воспоставување и раст на бизнисите. Аплицирање за финансирање и советодавни услуги за жени предприемачи, може се оствари преку следниве партнерски финансиски институции: Интеса Саопаоло Банка Албанија, Уникредит банка Бања Лука, Рајфајзен банка,  Шпаркасе банка АД Скопје. НЛБ Банка АД, ТЕБ КосовоАФККредитими Рирал Косовоosoves, КЕПНЛБ Банка Подгорица, Алтер Модус, Банка Интеса Белград, УниКредит Банка Србија