По седум години истрага – Сеп Блатер и Мишел Платини беа ослободени од Судот во Белинцона, Швајцарија. Поранешните шефови на ФИФА и УЕФА беа обвинети за поткуп, но на крајот беа разрешени.
Блатер и Платини се обвинети за незаконска проневера на два милиони швајцарски франци во текот на 2011 година. Обвинителите тврдеа дека ФИФА, на чело со Блатер, му ја платила тогаш споменатата сума на пари на Мишел Платини, човекот кој раководеше со УЕФА.
Тогаш се очекуваше Платини да го наследи Блатер на функцијата претседател на ФИФА, но аферата беше откриена и полека „излегоа костурите од плакарот“, па и двајцата беа отстранети од фудбалот.
Швајцарското обвинителство соопшти дека парите што Блатер ги платил на Платини за консултантски услуги од 1998 до 2022 година биле дадени без „правна основа“ и на тој начин „незаконски го збогатиле“ трикратниот добитник на „Златната топка“.
Сепак, судијата по седум години ги прогласи за невини и Платини ќе си ги врати парите.
Поради ваквата одлука, бројни медиуми го критикуваа судскиот систем во Швајцарија, бидејќи претходно исто така поради корупциски скандал го ослободи Насер Ел Хелаифи, првиот човек на ПСЖ.
The post Пресуда која го потресе фудбалскиот свет – Сите чекаа казна за Блатер и Платини, но… appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico