Кристијано Роналдо наскоро би можел да го напушти Манчестер Јунајтед и кариерата да ја продолжи во Спортинг Лисабон.
Португалските медиуми пренесуваат дека почнале преговорите меѓу Спортинг и „црвените ѓаволи“ околу позајмица на 37-годишниот напаѓач и нема да биде изненадување ако наскоро се врати во редовите на лисабонскиот гигант.
Сомнежот дека нешто се случува во Лисабон го привлече неделната фотографија од главниот град на Португалија. Автомобилот на Роналдо беше забележан на паркингот на стадионот „Хозе Арваладе“ и тоа предизвика еуфорија кај навивачите на лисабонските „лавови“.
Во неделата вечерта пристигна информација дека гигантот од Лисабон сака да го доведе Роналдо на позајмица.
Cristiano Ronaldo loan talks to Sporting CP are currently underway.
(Source: @SPORTTVPortugal) pic.twitter.com/rRdMlksIlK
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) July 17, 2022
Кристијано Роналдо ги мина младинските селекции на Спортинг. За првиот тим одигра 31 натпревар и постигна 5 гола, а потоа започна неговиот голем подем.
Роналдо претходно му порача на раководството на Манчестер Јунајтед дека поради лични причини не може да се приклучи на тимот кој одамна ги започна подготовките без него.
Потоа побара да му дозволат да го напушти клубот. Роналдо нема желба да ги пропушти настапите во Лигата на шампионите и сака да замине во тим кој настапува во ова натпреварување.
Кристијано Роналдо беше најдобриот играч на Манчестер Јунајтед минатата година во очајната сезона за клубот.
Одигра 37 натпревари и постигна 24 гола.
The post Дали ќе одекне нова бомба во фудбалска Европа? – Автомобил го откри следниот клуб на Кристијано! appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico