Го платија над 100 милиони евра, а сега има преку 100 кг – Замина на позајмица во Милано под строга диета!

Сподели

Фудбалскиот клуб Интер му нареди на својот напаѓач Ромелу Лукаку да го започне режимот на медитеранска исхрана за да се врати на пристојна тежина, пренесува Gazzetta dello sport.

фото: Soccrates/Getty Images

Белгиецот се врати во Миланo на позајмица по една сезона во Челзи. Пред да замине за Англија имаше 101 килограм, но сега неговата тежина е многу поголема.

Лукаку, меѓу другото, ќе јаде риба, салати, њоки, пилешко и тестенини Ширатаки. Нему му е забрането да консумира компири, пржена храна, како и пијалоци кои содржат шеќер и алкохол.

Интер добро знае како изгледа кога Лукаку ќе ја надмине посакуваната тежина, со оглед на тоа дека и претходниот пат кога дојде од Англија, од Манчестер Јунајтед, имаше проблеми со вишокот килограми.

фото: Getty Images

Лукаку следната година ќе игра во Интер како позајмен играч на Челзи.

Пред една година Италијанците го продадоа на лондонскиот клуб за 113 милиони евра.

The post Го платија над 100 милиони евра, а сега има преку 100 кг – Замина на позајмица во Милано под строга диета! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico