Лапорта го враќа Меси на Камп Ноу? – ,, Заслужи поубав крај во Барселона ,,

Сподели

Врската помеѓу Лео Меси и клубот Барселона не е завршена, истакна и изрази надеж претседателот на Барселона, Жоан Лапорта.

Минатото лето, Аргентинецот го напушти каталонскиот клуб каде ја мина целата своја кариера и замина во ПСЖ.

,,Верувам, се надевам и посакувам приказната на Меси со Барселона да не заврши. Сè уште е отворено, а наша обврска и одговорност е да му обезбедиме подобар крај отколку што имаше – изјави Лапорта.

Шпанецот е поделен кога е во прашање случајот со Меси.

,,Се чувствувам должен кон него. Морално, како претседател на Барселона, мислам дека го направив тоа што морав, но на личен план мислам дека му должам – заклучи тој во интервју за ESPN.

Пред да дојде во Париз, Меси помина 21 година во Барселона, каде што пристигна како 13-годишник. За првиот тим дебитираше на 17 години, покрај Роналдињо, а од тој момент одигра 778 натпревари за Барселона, постигнувајќи 672 гола и 305 асистенции.

Тој е рекордер на Ла Лига со 474 гола и 217 асистенции на 520 натпревари, а дури 22 пати бил најдобар стрелец во различни натпреварувања, од кои шест во цела Европа.

Седум пати ја освојуваше „Златната топка“ за најдобар играч на светот, три пати УЕФА го прогласи за најдобар играч во Европа, а еднаш беше избран од ФИФА за играч на годината.

Десет пати беше играч на сезоната во Шпанија, каде што освои исто толку титули, заедно со седум трофеи во Копа дел Реј и осум Суперкупа.

Тој исто така освои четири титули во Лигата на шампионите и три титули на Светското клупско првенство.

The post Лапорта го враќа Меси на Камп Ноу? – ,, Заслужи поубав крај во Барселона ,, appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico