Диего Коста би можел да се врати во Шпанија, објавија денеска многу медиуми.
Напаѓачот има огромен број понуди а најдобрата се чини е од Алмерија која бара замена за Умар Садик кој најверојатно ќе биде продаден ова лето.
Тоа не е се, и Рајо Ваљекано го сака во своите редови, клубот во кој настапува и Радамел Фалкао, па би било многу интересно да ги видиме и двајцата во ист дрес.
Коста го привлекува и враќањето во Мадрид, каде престојуваше пред неколку години, додека го носеше дресот на Атлетико Мадрид.
Инаку, Коста има веќе 33 години, не игра натпреварувачки фудбал цели 6 месеци, па претпоставуваме дека ќе му треба уште малку да се прилагоди во новиот клуб.
Доколку дојде во редовите на Алмерија, тоа значи дека Садик сигурно ќе биде продаден и Партизан би имал сериозен прилив во својата каса.
The post Зошто белградски Партизан дебело ќе профитира ако Диего Коста потпише за Алмерија? appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico