Цената на Еуродизел (Д-Е V) од утре се зголемува за денар и половина по литар, додека цените на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 остануваат исти, односно 95,5 денари по литар и 98 денари по литар, информираа денеска од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија.
Дизелот од ноќеска на бензинските пумпи низ земјава ќе се продава по цена од 95,50 денари за литар.
Цената на Екстра лесното масло од ноќеска, односно утре се намалува за половина денар по литар и ќе изнесува 94 денари по литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,503 денари по килограм и од утре ќе изнесува 53,343 ден/кг.