Плочата за АСНОМ во манастирот “Св. Прохор Пчински” за Илинден беше од времен карактер

Сподели

 

Плочата за АСНОМ во манастирот „Св. Прохор Пчински“, поставена за време на чествувањето на Илинден, при што делегација на чело со претседателот Стево Пендаровски се поклонија пред неа, повторно е отстранета.

Од Кабинетот на Пендаровски велат дека плочата поставена за Илинден, била со времен карактер.

– Плочата којашто беше поставена во манастирот „Св. Прохор Пчински“ беше од времен карактер со цел да се реализира посетата на претседателот Пендаровски и државната делегација, за прв пат по повеќе години. Тогаш беше договорено во најбрз можен рок да се формираат работни групи составени од претставници од двете министерства за надворешни работи, министерствата за култура, како и од други државни институции коишто ќе ги утврдат начинот и формата за прослава на 2 Август, Илинден во „Св. Прохор Пчински“ за наредната година. Целта на таквата формализирана соработка е да се воспостави институционална форма за одбележување на празникот Илинден во манастирот „Св. Прохор Пчински“, велат од Кабинетот на Пендаровски.