Одбележување на Денот на независноста на Украина во Скопје

Сподели

 

Aмбасадата на Украина во Република Северна Македонија и Здружението на Украинци во РС Македонија „Лесја Украинка“, денеска ќе го одбележат Денот на независноста на Украина – 24 август.

Како што соопшти Украинската aмбасада, според програмата, предвидено е поставување светски рекорд за изведување на националната химна на Украина, истовремено во 50 земји во светот и формирање на жив синџир во рамки на глобалната иницијатива „The free world gathering“.