На седница на Владата, по усвојувањето на Информацијата за исплата на пензии за месец август 2022 година од Министерството за труд и социјална политика, се задолжува Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 29.08.2022 година.
Исто така се препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:
- За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 30.08.2022 година (вторник);
- За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 31.08.2022 година (среда);
- За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.09.2022 година (четврток ), и
- За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 02.09.2022 година (петок).