Еден суд во Истанбул денес забрани објавување на било која информација поврзана со италијанската истрага за перење пари во која е вовлечен Билал Ердоган, синот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пренесе Нова.
Текстовите на оваа тема објавени денес на интернет на страните на Би-Би-Си на турски, британскиот дневник “Индипендент” и турски медиуми како “Газетепорт” и “Дикен”. Од денес овие медиуми повеќе немаат пристап до интернет.
Јаман Акендиз, активист и борец против сајбер криминал на својот Твитер профил денес објави повеќе информации за блокираните сајтови на кои има текстови за синот на Ердоган и италијанската истрага.
На ова шефот на италијанската влада Матео Рензи реши да не одмолчи на овие зборови и до Ердоган испрати остар одговор на Твитер во кој се вели:
“Во оваа земја судиите ги слушаат законот и италијанскиот Устав, а не турскиот претседател. Тоа се вика правна држава
Извор: Нова