Нуркачки Центар “АМФОРА”: Културно историски знаменитости во Охридското Езеро

Сподели

 

 

Нуркачите од Нуркачкиот Центар “АМФОРА” од Охрид  во соработка со Завод и Музеј Охрид успешно го реализира проектот “Културно историски знаменитости во Охридското Езеро”.

 

 

Во Музејот на вода е поставена информативна табла каде што со скенирање на QR код туристите ќе можат да го погледаат видеото и да се запознаат со Подводното културно наследство во Охридското Езеро.

 

  • DCIM100GOPROGOPR2436.JPG

 

На прикажаното видео можат да се погледаат Подводниот археолошки локалитет Плоча Миќов Град, Покрај населбата, во близина на локалитетот на 18 метри длабочина поединечни наоди на цели и фрагментирани покривки Лаконски тип на тегули кои како градежен материјал се употребувале во периодот од 6-ти век пр.н.е. па се до 7-ми век наша ера, како и складишни садови – питоси на 5, 34 и 45 метри длабочина, кои според карактеристиките датирани се во периодот на доцната антика (V – VI век, н.е).

Проектот е финансиран Од Општина Охрид и одделението за Туризам и локален економски развој.