Професор од Софија, Иван Динев Иванов, кој предава на Американскиот универзитет во Синсинати, САД, се извини за сите жртви од фашистичкиот период во Бугарија, во емисијата „Само вистина” на Канал 5 ТВ.
Тој обраќајќи им се на гледачите, рече дека нема начин за „бугаризација”.
– Не се плашете браќа и сестри Македонци, нема начин да има бугаризација, ви го гарантирам јас, нема такво нешто, нагласи професорот.
Тој порача до Македонците да си го чуваат идентитетот. Посочи дека сака земјава да го зачува идентитетот и да стане членка на Европската Унија, да соработува со Бугарија, градејќи инфраструктура, градејќи човечки односи, уривајќи ѕидови и градејќи мостови со Бугарија и со сите останати земји.
Осврнувајќи се на Договорот за добрососедство со Бугарија, тој посочи дека се направени грешки од бугарската страна.
-“Грешки беа направени од бугарска страна. Има луѓе во политичката елита кои го искористија тоа намерно да направат една „срамота” со ветото и тоа навистина создаде големи проблеми и голем негативизам. Денот кога ветотот беше објавено јас кажав дека „Бугарија сама на себе си стави вето”. Претседателот Радев греши и тоа го кажав, дека тоа што претседателот Радев мораше да го каже дека ние не можеме да дозволиме антибугарскиот национализам во Македонија и тоа јас се согласувам, а со македонизмот јас немам проблем”, наведе Динев Иванов.