САД: Протести во Чикаго поради убиствата на Афроамериканци

Сподели

thumbs_b_c_313065b65d8bceb57d07163a1fe8cf71

ЧИКАГО (АА) – Пред полицската станица во Чикаго, Соединетите Американски Држави (САД), се собра група граѓани на протест против грубите интервенции на безбедносните сили против црномурестите граѓани, јавува Anadolu Agency (AA).

На протестот, демонстрантите носеа транспаренти со слоганот „Полицијо, запрете со полициските убиства“. Во текот на протестот дојде до напната ситуација помеѓу полициските тимови кои дојдоа да го обезбедат протестот и насобраните граѓани.

Полицијата ја објави снимката на која се гледа како е убиен 18-годишниот Афроамериканец Пол О’Нил. Настанот се случи на 28 јули. Снимката е објавена поради бројните критики поради тоа што момчето било невооружено.

Семејството на момчето настанот го окарактеризира како убиство и побара сторителите да бидат казнети