Kорисниците на централното греење ќе треба да потпишат нови договори со ЕСМ Снабдување ДООЕЛ Скопје, информираa од АД ЕСМ.
-“Корисниците на централното греење на нашиот систем се повикуваат да се обратат до пунктовите кои се на исто место за да почне регулирањето на нашите односи со потпишување договори за снабдување со топлинска енергија, како и сите други барања кои произлегуваат од оваа услуга”, рече Маројевиќ.
ЕСМ доби лиценца за производство на топлинска енергија до 30 април 2023 година, лиценца за дистрибуција на топлинска енергија за период од 35 години и лиценца за снабдување на топлинска енергија за период од 10 години.