Во време на економска криза и во пресрет на најавената тешка зима, МОДОМ организираше хуманитарна акција во која се собираше облека за повеќе возрасни групи – машка, женска и детска, бидејќи се поголем број граѓани живеат на работ на егзистенцијата.
“Оваа акција е повеќе од потребна”, истакна претседателот на МОДОМ, Александар Пандиловски, додавајќи дека “донацијата ќе заврши онаму каде што е најпотребна.”
Донации освен во Штип се собраа во Скопје, Куманово и Тетово и истите беа предадени во Црвениот крст за граѓаните од Истокот.
Следната хуманитарна акција е планиранадо крајот на октомври.