Скопје има градски превоз, но ЈСП e пред влада за долгот

Сподели

 

Пред владата на улицата Илинденска и утрово има паркирани автобуси на ЈСП Скопје. Сообраќајот е затворен пред владата на правците од мостот Гоце Делев и од булеварот ВМРО. Нема информации за траењето на блокадата.

Автобусите, според зборовите на првиот човек на синдикатот на ЈСП за Телма, се паркирани пред владата по налог на градоначалничката Данела Арсовска, за да се предупредат министрите дека имаат долг иако владата негираше дека должи пари на скопското сообраќајно јавно претпријатие.

Останатите автобуси на ЈСП се вратија на улиците низ главниот град, откако градскиот совет на Скопје пренамени средства од буџетот за плата за вработените во ЈСП.