Министерот Сали назначи нови в.д. директори на Детската клиника и на Онкологија

Сподели

 

Министерот за здравство, д-р Беким Сали денеска за вршител на должност медицински директор на Универзитетска клиника за детски болести ја именува д-р Стојка Нацева-Фуштиќ, додека за нов в.д. медицински директор на Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија ја именува д-р Виолета Клисаровска.
 

Новоназначените директорки се именувани како вршители на должност до именување  медицински директор, по распишување конкурс, но не подолго од шест месеци, информираат од Министерството за здравство.