Ковачки до Спасовски: МВР две недели неможе да открие лажни дојави за бомби

Сподели

 

Повторно нови дојави за бомби во училиштата. Еве зошто предупредуваме цело време дека во МВР не може да се вработуваат лица со основно занимање каменорезец, или поранешните градоначалници и партиски другари на Оливер Спасовски кои се навикнати на златна лажица и лица кои не поминале безбедносни проверки итн.

Дали е појасно зошто цело време алармираме дека Законот за Внатрешни работи што го донесоа СДС, ДУИ и пајтон партиите, со што на Министерот му се дава право да унапредува по 3 (три) скалила одеднаш дека не е добар за институцијата?

Дали е појасно зошто безбедносниот сектор не смее да биде да биде партиска алатка на Оливер Спасовски и СДС и дека сето горенаведено е на штета на безбедноста на граѓаните?

Во МВР нема професионализам, нема лица со соодветни компетенции на вистински места и најважно од се’ – нема одговорност.МВР е мртво ткиво.

Цели 2 недели не можат да откријат лажен бомбаш кој од лажни адреси, лажно ги паничи децата и граѓаните. Не сакам ниту да замислам како би реагирало МВР во некоја поопасна и посложена ситуација.Спасовски наместо да се загрижи за својата и неспособноста на кадрите што сам ги поставил, си тера партиска агенда по локални партиски штабови на распаднатиот СДС, напиша Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ до министерот за ВР; Оливер Спасовски.