Османи-Џачка: Меморандум за дипломатска едукација и дигитализација на конзуларните услуги

Сподели

 

Во рамките на втората Заедничка седница на Владите на Република Северна Македонија и Република Албанија што се одржа во Скопје, министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Бујар Османи и министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Олта Џачка потпишаа два меморандуми за соработка меѓу двете институции.

Со меморандумот за соработка во областа на дипломатската едукација, се отвораат можности за организација на обуки и предавања на релевантни говорници и дипломати, од особена важност во контекст на започнатите преговори за членство на двете земји во Европската унија.

Со вториот меморандум, ќе се овозможи размена на искуства во областа на дигитализацијата на конзуларните услуги. Овој проект во Албанија функционира неколку години, а Министерството за надворешни работи на Северна Македонија е во финална фаза на негово ставање во функција, а со тоа и драстично поедностави и скрати постапките за пружање на конзуларни услуги.

Меѓу другото, Османи и Џачка се осврнаа и динамиката на билатералните односи, регионалната соработка и ЕУ перспективата на двете земји.