УХМР: СООПШТЕНИЕ

Сподели
11102655_744643175652071_3848354214373776800_n

08.08.2016

НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ
(дожд, грмежи, локално невреме)

И денес нашето подрачје ќе биде под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот.
Преку ноќта повремени врнежи имаше во поголемиот дел од земјата, а утрово пороен дожд со грмежи има во централните и северните делови. Движењето на облачната маса со врнежи е кон север и таа доста брзо се извлекува кон Србија.
Во 6 часот врнежите се на дел на Скопско повеќе во централните и источните делови и кон падините на Скопска Црна Гора. Чести поројни врнежи има и во Кумановско и кон границата со Скопскиот регион.
Во следните неколку часа оваа облачност ќе се намали и во северните делови ќе има само повремен дожд.

Нестабилност има и во југозападните делови и повремен пороен дожд во претпладневните часови ќе има и на западот од земјата.

Попладне ќе остане нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, но тие ќе се почести на југ и југозапад.
Дневната температура ќе биде во интервал од 25 до 31 степена.

Во Скопската котлина претпладне ќе има повремен пороен дожд и грмежи. Во попладневните часови и понатаму ќе има услови за нестабилно време со појава на грмежи но врнежите ќе се поретки, иако повремено ќе имаат засилен интензитет. Дневната температура ќе достигне до 29 степени.

Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.