(ВИДЕО) Португалците со шокантно барање до ФИФА кое го обиколи светот!

Сподели

Португалската фудбалска репрезентација се пласираше во осминафиналето на Светското првенство во Катар по победата од 2:0 над Уругвај.

фото: Profimedia

Меѓутоа, по натпреварот, според португалските и шпанските медиуми, нивната селекција решила да се жали на ФИФА. Во најмала рака, ова е шокантно барање!

Фудбалскиот сојуз на Португалија смета дека првиот гол на натпреварот треба да му се припише на Кристијано Роналдо, а не на Бруно Фернандеш!

Ситуацијата беше неблагодарна, бидејќи Роналдо замавна со глава по центаршутот на неговиот поранешен соиграч од Манчестер Јунајтед, а остана прашањето кој всушност ја затресе мрежата, односно дали барем малку ја допре топката со глава Кристијано Роналдо, кој постигна вкупно осум гола на светските првенства.

Кристијано се радуваше како да постигнал гол, а ФИФА подоцна му го препиша погодокот на Бруно Фернандеш, кој со гол од белата точка на крајот од мечот го запечати пласманот на Португалија во следната рунда од натпреварувањето!

The post (ВИДЕО) Португалците со шокантно барање до ФИФА кое го обиколи светот! first appeared on Спорти.

Powered by WPeMatico