Во екот на 16 дена женски активизам, од организацијата „Младите на една може“ споделени се фотографии од изминатите активистички маршови и протести на кои имаат учествувано и младите на @onecanskopje_queenstory.
Како што можеби веќе знаете, ние, Младите на Една може имаме мисија да ги поддржиме и сите деца,млади, девојки и жени кои излегуваат од насилни средини и го почнуваат животот одново.
Доколку сте (биле) во ваква ситуација и ви е потребна помош може секогаш да ни се обратите, ќе ги искористиме сите ресурси за психолошка, правна и социјална помош кои ги имаме да ви помогнеме.
Насилството се јавува во форма на:
1. Најпозната форма е семејното насилство каде што спаѓаат:
– Економска зависност
– Психолошка тортура
– Емоционално насилство
– Физичко насилство
– Сексуално насилство
2. Сексуално насилство
– Сексуално вознемирување
– Силување
3. Трговија со луѓе
4. Детски бракови
5. Онлајн (дигитално) насилство
– Сајбербулинг
– Non-consensual sexting
– Doxing (споделување јавно објавување на приватни или идентификациски информации/ фотографии за жртвата)
6. Фемицид – се однесува на убиство на жени само затоа што се жени. Повеќето случаи на фемицид се извршени од членови на фамилијата како татко, брат или партнери / поранешни партнери.
Препознај, помогни!
Промената почнува од тебе.
За секоја една да може!