Наместо политички маркетинг, Груевски да прифати дека има граница на политичката и опшествената неодговорност

Сподели

10516752_491143447683237_9152764973373738012_n

Брзината на реагирање во услови на катастрофи е од клучно значење. Времето на реакција во вакви услови значи спас за многу лица и нивните имоти и опшествени добра. При тоа основна цел е што побрзо да се врати животот во нормала. Добро организирано опшество има поставено системи кои во вакви околности ја превземаат координацијата со сите опшествени субјекти. Во ваквите системи оординацијата е на ниво на воена заповед. Во некогашната СРМ постоеше организација која имаше наменска цел – заштита на населението во вакви и слични непогоди под име – Цивилна заштита. А денес кое тело е тоа – прашање за г. Груевски.

nevreme-27-860x680[1]

Овие неколку дена како и неколку години на назад, се покажа целата слабост на македонското опшество. Непостоењето на никаков систем за справување со вакви непогоди додатно ја усложни и влоши и онака хаотичната ситуација. Неколку дена семејствата не добиваат никаква помош. Се тече тотално хаотично . Се јавуваат доброволци да помогнат но нема кој да им даде опрема ни да ги усмери каде да се јават.

 Наместо тоа имаме политички маркетинг на министри од македонската влада кои сегашнава ситуација ја сфатија и користат како одличен полигон за себе промовирање и политичките програми. Недозволиво однесување. Наместо Цивилната заштита или центарот за менаџирање со кризи да бидат перјаницата на отстранувањена на последиците од катастрофалната поплава, граѓаните се во прилика да го гледаат некоординираното дивеење на политичарите низ погодените подрачја и држење на политички часови на терен.

Одговорност МОРА да има, макар тоа да е само морален чин.

Време е политичкиот лидер на ДПМНЕ да сфати дека има граница на политичката и опшествената неодговорност. Слабостите во организирање на опшеството да се справи со вакви кризи сепак е нечија политичка одговорност, односно неспособност проблемите на време и организирано да се пречекаат. Во спротивно ваквите слики се почесто ќе ни се случуваат со се потешки последици. Оправдување нема. Неколку години на назад имаме постојано вакви кризи во разни подрачја на МКД и состојбите со нивото на организираност никако политичките субјекти да го подигнат на потребното ниво. На крај испаѓа дека во декември бевме изненадени од снегот и голомразицата па не успеавме соодветно да се организираме.

Вангел Чолаков – Фејсбук статус