- Кредит од ЕУР 1,5 милиони за ПроКредит Банка Македонија за инвестиции во енергетска ефикасност
- Дополнителна поддршка од донаторите во поврат на инвестираните средства во износ до 20 отсто
- Поддршката на донаторите во Програмата ГЕФФ за Западен Балкан влегува во својата трета фаза
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и ПроКредит Банка Македонија (ПроКредит) продолжуваат во промовирање на енергетската ефикасност во Северна Македонија со дополнителни средства кои се достапни за на домаќинствата, наменети за заштеда на енергијата.
ЕБОР одобри кредит во износ од ЕУР 1,5 милиони за ПроКредит, со кој се овозможуваат средства за инвестиции во енергетска ефикасност.
Финансирањето е обезбедено под Програмата за финансирање на зелена економија (Green Economy Financing Facility – GEFF) за Западен Балкан, со која се поддржуваат енергетски ефикасни решенија за изградба на позелена и поодржлива економија. Новиот кредит за ПроКредит го обележува почетокот на третата фаза од ГЕФФ Програмата за Западен Балкан, која до сега им има помогнато на над 14.000 домаќинства во регионот со кредит во износ од ЕУР 75 милиони во мерки за подобрување на енергетската ефикасност.
Анди Аранитаси, Претставник за Северна Македонија, ЕБОР, изјави: ,,Ни претставува задоволство да соработуваме по трет пат со ПроКредит Банка во рамките на ГЕФФ програмата. Поволното финансирање ќе биде достапно преку ГЕФФ кредитната линија за домаќинствата во Северна Македонија за инвестиции во енергетска ефикасност. Овие инвестиции ќе им овозможат да го подобрат комфорот на домаќинствата, но и ќе им ги намали сметките за потрошена електрична енергија.’’
,,Продолжуваме со успешната соработка со ЕБОР во поддршка на домаќинствата во Северна Македонија кои сакаат да направат енергетски ефикасни инвестиции и зголемување на енергетска независност, што е од особено значење во сегашни услови на зголемување на цената на електрична енергија. За таа цел потпишавме нов договор со ЕБОР преку програмата ГЕФФ, со која може да пласираме кредити за инвестиции во фотоволтаици, системи за ладење и греење, топлински пумпи, прозорци и врати, внатрешна и надворешна изолација. Главен бенефит за клиентите е грант или поврат на направените инвестиции до 20%. Ова претставува дел од нашите заложби за градење одржлива и ,,зелена иднина” и е во рамките на корпоративната филозофија на ПроКредит Банка за посветеноста на промоција на еко-инвестиции кои ќе направат вистински импакт во општеството “, изјави Стевче Кузмановски, Член на Управен Одбор на ПроКредит Банка Македонија.
Физичките лица ќе можат да аплицираат за кредити за инвестиции во изолација, прозорци, топлотни пумпи, соларни панели и други подобрувања, сé во насока на зголемување на енергетската ефикасност за домаќинствата и намалување на потрошувачката на енергија. По успешната имплементација на инвестицијата, сопствениците на домаќинствата ќе можат да добијат до 20% поврат од инвестираната сума, благодарение на поддршката од програмата за Директно партнерството за климатско влијание (High-Impact Partnership on Climate Action – HIPCA), поддржана од владите на Швајцарија и Јапонија. ГЕФФ програмата е ко-финансирана од ЕУ, Австриското Федерално Министерство за финансии, и билатералните донатори на Инвестициската програма за Западен Балкан (Western Balkans Investment Framework-WBIF).
До денес, ГЕФФ во Северна Македонија е искористена од 3.500 домаќинства, каде што се обезбедени кредити за индивидуални проекти преку партнерските финансиски институции во износ од скоро ЕУР 27.5 милиони. Со нив се овозможи заштеда на енергија во износ од над 17.000 MWh и годишно намалување на емисиите на јаглероден диоксид од 7.000 тони. Најмногу се инвестира во прозорци, врати, изолација, бојлери на биомаса и топлотни пумпи.
ЕБОР е една од водечките институции, инвеститори во Северна Македонија. До денес има инвестирано над 2,5 милијарди евра во проекти од различни сектори на економијата.