Алкалоид АД Скопје изразува длабоко сочувство до семејствата на настраданите и искрено жалење за загубите направени од природнатакатастрофа која се случи на подрачјето на градот Скопје на 6 август 2016 година.
Како свој придонес во санирањето на штетите настанати од поплавите во критичните подрачја, компанијата веќе донираше медицински средства, средства за хигиена, средства за чистење и дезинфекција како и бебешки пелени.
Првиот контингент е дистрибуиран до организацијата на Црвениот Крст на град Скопје, а Управниот Одбор на компанијата е во постојана комуникација со надлежните од оваа организација за испорака на следните контингенти согласно конкретните потребни на населението од погодените подрачја.
Следејќи ги своите определби за општествена одговорност, Алкалоид АД Скопје со свои донации доставени до регионалните претставништва на организацијата на Црвениот Крст помогна и при природните катастрофи кои во изминатите неколку години ги зафатија Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска.