Санкционирани 253 возачи за брзо возење

Сподели

 

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата надржавата, за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 253 возачи.
 
Од нив 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 141 возило ја пречекорило брзината во населено место, а 112 надвор од населено место.
 
МВР апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.