Турција: Пилоти кои го соборија рускиот авион уапсени за учество во пучот

Сподели

15421692408_68d44a6d90_z

Шефот на турската дипломатијата Мевлут Чавушоглу соопшти дека пилотите кои минатата година во ноември го соборија рускиот воен авион во Сирија се уапсени поради учество во обидот за воен удар во Турција, изведен на 15 јули.

– Пилотите се приведени заради нивното претпоставено учество во обидот за преврат од 15 јули, а не за инцидентот со соборувањето на авионот, изјави Чавушоглу.

meta.mk