Две лица синоќа се уапсени во Бразил под сомнение дека подготвувале терористички напад за време на Олимписките игри кои се одржуваат во Рио де Жанеиро.
Како што јавуваат бразилските медиуми, уапсените се државјани на Бразил, но се претпоставува дека се приврзаници на групата Исламска држава. Идентитетот на уапсените засега не се открива, ниту пак се откриваат повеќе детали за полициската акција.
Локалните медиуми јавуваат дека полицијата претходно уапсила 12 лица за кои постои сомнение дека соработувале со ИД.