Почина Гоце Камчев, сопственик и основач на „Кам“, еден од најголемите синџири маркети во Македонија.
Камчев е основач на повеќе компании во областа на трговијата, производство, земјоделство, угостителство и недвижности. Компаниите што ги изгради, кои се дел од „Камчев груп“ во моментов вработуваат повеќе од 1.800 лица и придонесуваат за развојот на целокупното општество. „КАМ“ веќе трета година е меѓу најголемите 10 компании во земјава.
Гоце Камчев беше еден од најуспешните визионери и менаџери во нашата земја и остави зад себе компанија која е меѓу најуспешните во регионот. Целото искуство, знаење и вештини, стекнати во текот на школувањето и работата со познати компании од земјата и од странство, несебично ги пренесуваше и споделуваше со вработените, кои го препознаваа како голем учител, неуморен пренесувач на знаења. Истовремено беше насочен и кон раст и развој и на нашата држава, а успешна Македонија беше една од неговите цели“ – се вели во соопштението на „Камчев груп“.
Погребот на Камчев е во недела, во 14 часот на градските гробишта Бутел во Скопје.