Регионална конференција: Сузбивање на трговијата со луѓе и криумчарење на мигранти во регионот на Западен Балкан

Сподели

 

Државната секретарка во Министерството за внатрешни работи и Национална координаторка за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, Магдалена Несторовска денес заедно со делегација од МВР и обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, присуствуваат на регионална конференција: „Сузбивање на трговијата со луѓе и криумчарење на мигранти во регионот на Западен Балкан“ која се одржува во период од 6ти до 8ми февруари во Будва, Црна Гора.

Конференцијата се одржува со поддршка на Меѓународната организација за миграција ИОМ во рамки на регионален проект „Заеднички активности на земјите од регионот на Западен Балкан против криумчарење на мигранти и трговија со луѓе (WBJAST)финансиран од Министерството за надворешни работи на Данска“. На маргините на конференцијата ќе се одржи и годишен регионален координативен состанок на Националните координатори и претставниците на Ударните групи за сузбивање на криумчарење на мигранти и трговија со луѓе на кој со пригодно говор ќе се обрати г-ѓа Несторовска.

Целта на оваа конференција е да обезбеди платформа за стратешка дискусија околу предизвиците и трендовите на западно-балканската рута помеѓу главните чинители во областа на сузбивање на трговијата со луѓе и криумчарењето на мигранти на меѓународно, регионално и на ниво на ЕУ, како и идентификација на области за зајакнување на соработката со партнерите од Западен Балкан.