На вонредна седница која се одржа денеска Советот на Општина Охрид, донесе одлука за доделување на финансиска помош за настраданите од катастрофалниот земјотрес кој се случи вчера на 6 февруари во Република Турција и Република Сирија.
За таа намена од општинскиот буџет се обезбедени средства во вкупен износ од 600.000 денари, од кои 300.000 денари се наменети за настраданите во Република Турција и 300.000 денари се наменети за настраданите во Република Сирија.
Одлуката за издвојување средства за помош на настраданите беше донесена едногласно, а советниците изразија жалење за изгубените животи со едноминутно молчење.