Санкционирани се 209 возачи за брзо возење

Сподели

 

Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 209 возачи.

Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа 121 возило ја пречекорило брзината во населено место, а 88 надвор од населено место.

МВР апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.