ФОТОГАЛЕРИЈА: Противпожарната единица на градот Скопје во Газиантеп

Сподели

 

Екипите на Противпожарната единица на градот Скопје се на терен во Газиантеп заедно со останатите спасувачки тимови.

 

Градот Скопје испрати интервентна екипа за помош при спасувачката мисија во Турција, а од градскиот буџет издвоени се шест милиони денари кои ќе бидат испратени преку Црвениот Крст на Македонија во хуманитарни цели за справување со последиците од катастрофалниот земјотрес во Турција и во Сирија.

Град Скопје останува во комуникација со локалните власти од Турција, подготвени да помогнеме во секое време согласно нивните потреби. Скопје памети!