Денеска е ден на жалост за жртвите во земјотресот во Турција и Сирија

Сподели

 

Владата на вчерашната седница донесе одлука со којашто денес, 13-ти февруари, понеделник, е прогласен за Ден на жалост на Република Северна Македонија.

Одлуката е донесена како израз на солидарност и почит за големиот број загубени човечки животи предизвикани од катастрофалниот земјотрес што се случи во Република Турција и во Арапската Република Сирија, на 6-ти февруари 2023 година.

Знамето на РС Македонија, ќе биде истакнато на половина копје, во нашата држава и пред дипломатско-конзуларните претставништва во странство.

На почетокот на владината седница беше оддадена почит за жртвите во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.

Владата изразува длабоко сочувство за загубите, до целиот турски народ и до блиските на настраданите во земјотресот во Турција и Сирија.