Спасовски: Во овој период има над десетина конфискации на нелегално стекнат имот

Сподели

 

Министерот Спасовски гостувајќи на ТВ Шења, рече дека граѓаните посакуваат поефикасна борба со криминалот и корупцијата. Тој подвлече дека таа ефикасна борба не значи само детектирање на криминалот и спроведување на истрага, туку треба да се гледа и крајната цел –  санкција која ќе се изврши, а нелегално стекнатиот имот да биде одземен и вратен на државата.

„Во делот на конфискација на имотот до 2017 година, имало само 3 конфискации на имот и финансиски истраги, а во 2017 година се отвора реформски процес во рамките на МВР каде се креираат посебни единици за финансиски истраги и започнуваме со финансиски истраги за секоја истражна постапка и веќе во овој период има над десетина конфискации на нелегално стекнат имот“, елаборираше министерот Спасовски.  

Според него не може да се премолчи состојба во која извршувањето на санкции за едни луѓе ќе биде привилегија наспроти останатите граѓани, па едни ќе можат да бидат во еден затвор, бидејќи имаат моќ и пари, а другите не.

 “Тоа е нешто што ги ужаснува луѓето. Борбата со криминалот мора да биде ефикасна, видлива и со брз одговор на сите институции за да се смени перцепцијата на граѓаните“, потенцираше Спасовски.