Лажни се пријавите за поставените бомби во училиштата

Сподели

 

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави со закани од 10 училишта и аеродромот во Скопје, како и четири во Прилеп и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.
 
Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, информираат од МВР.