Седум дена поминаа од поплавите во скопско, а медиумите во Македонија откако известија за катастрофалните поплави, имаа различна перцепција за тоа како државата се справува со несреќата. Додека едни критикуваат дека состојбата е катастрофална, тешко се организира помош, се краде храната, по партиска линија се делат намирниците, останатите медиуми пренесуваат дека се работи деноноќно, ситуацијата е ставена под контрола, нема болести, има многу медицински тимови.
Додека едните пренесуваат изјави од граѓани кои се полни со гнев и бес за тоа што се случило, во другите, доминираат изјави со благодарност, насмевки и солзи радосници.
Медиуми критички настроени кон сето тоа што се случува со поплавите:
- Седмиот ден по катастрофалната поплава: Како е можно?
- Тепачка помеѓу работниците кои ги расчистуваат поплавените куќи
- Стајковци досега тонеше во кал, а отсега и во отпад (ГАЛЕРИЈА)
- По поплавите: власта и натаму игра руски рулет со природата
- ХУМАНИТАРНА МИЗЕРИЈА: помошта се дели по партиска линија, координацијата на терен е никаква!
Другите медиуми пренесуваат:
- “Се работеше деноноќно“- во Црешево има струја и вода, екипите за проценка на штети се на терен
- Радовишани денес масовно помагаа во Стајковци
- Алфа во координативниот штаб на АРМ – масовна акција за помош на настраданите
- Напредува расчистувањето на теренот во скопско
- Граѓаните веднаш ќе ги добијат изгубените документи !