ХАШКИ ТРИБУНАЛ ПОСТХУМНО ГО ОСЛОБОДИ СЛОБОДАН МИЛОШЕВИЌ

Сподели

milosevic-sm

Судскиот совет на Хашкиот трибунал го ослободи од вина за воени злосторства поранешниот претседател на Србија, Слободан Милошевиќ. Ова произлегува од пресудата за Радован Караџиќ кој е осуден на казна затвор од 40 години.

Во пресудата на Судскиот совет, кој поранешниот претседател на босанските Срби, Караџиќ го осуди на 40 години затвор, се заклучува едногласно дека покојниот Милошевиќ не е одговорен за воените злосторства извршени во време на војната во Босна и Херцеговина, во периодот од 1992 до 1995 година.

Во пресудата се истакнува дека Судскиот совет немал доволно докази дека Милошевиќ е виновен за воени злосторства во војната во Босна и Херцеговина.

– Десет години по смртта на Милошевиќ целосно незабележливо, случајно или намерно, помина информацијата дека Милошевиќ во пресудата на Караџиќ на 24 март 2016 година е ослободен од обвинението за учество во заеднички злосторнички потфат, а сето тоа се наоѓа на 1.303-та страница од пресудата од 2.950 страници, речиси незабележливо. Веројатно некој не сакал тоа да се дознае, па ја сокрија опширната пресуда на Караџиќ – изјави американскиот истражувач Енди Вилкоксон.

Милошевиќ почина во затворот во 2006 година, откако во 2001 година со промената на власта во Србија тој беше префрлен во Хаг.