Кубанецот Хозе Кастелар – Куето, кој веќе пет пати беше прогласуван за рекордер според Гинисовата книга на рекордите во оваа категорија, ја претстави цигарата долга 90 метри која ја направил по повод 90-тиот роденден на Фидел Кастро во саботата и за која може да го освои шестиот наслов рекордер.
Куето додал дека лично не го познава водачот на кубанската револуција, кој пред десет години се повлече од власта, а цигари престанал да пуши пред повеќе од 30 години.
– Цигарата е долга 90 метри, во знак на сеќавање на 90-те години на нашиот командант – изјавил Куето претставувајќи ја својата пура Хавана.
– Мислам дека не е запознаен (со иницијативата). Не пуши веќе долги години, но овој мој труд нека претставува подарок за неговиот роденден – рекол овој изработувач на цигари кој со оваа работа се занимава од својата 14-та година.
Цигарите се еден од главниот извозни производи на Куба, по никелот, лековите и шеќерот. Минатата 2015 година Куба извела цигари во износ од 428 милиони долари, наведува кубанско-британската компанија „Хабанос С.“ којашто поседува 70 отсто од светскиот пазар на пури.