Положено цвеќе во чест на 7.144 македонски Евреи

Сподели

 

Градоначалничката на град Скопје Данела Арсоска, со делегација од Град Скопје, денеска оддаде почит во сеќавање на 11-ти Март годишнина на денот кога од страна на фашистичкиот окупатор 7144 македонски евреи се депортирани во логорот Треблинка.

 

 

Поминати се 80 години од овој суров и трагичен ден на кој нашите сограѓани заминаа од своите домови, од каде никогаш повторно не се вратија. Градот Скопје одбележувајќи го овој датум изразува длабока почит на еврејскиот народ, со осуда на геноцидот, никогаш да не се повтори и да не се заборави една од најголемите трагедии на човештвото.