Санкционирани се 881 возач за брзо возење

Сподели

 

Во текот на вчерашниот ден (12.03.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 881 возач.

Од нив 70 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 14 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволенота брзина.

Притоа, 484 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 397 надвор од населено место.

МВР апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заедничким да придонесеме за побезбедни патишта.