Пазарниот инспекторат изрече 175 казни при 650 инспекциски надзори

Сподели

 

Државниот пазарен инспекторат во периодот од 13.03 до 19.03.2023 година  има извршено над 650 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија.

Во наведениот период од страна на Државниот пазарен инспекторат наплатени и издадени се над 175 прекршочни платни налози со вредност над  6.230.000 денари.

Државниот пазарен инспекторат врши континуирани инспекциски надзори кај трговците на големо и мало во делот на почитување на Одлуката за замрзнување на цената на лебот до 33 денари, Одлуката за определување обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед и Одлуките за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало

Во горенаведениот период на територија на РС Македонија се извршени над 530 инспекциски надзори и контроли по Одлуките за посебни услови за трговија на одделни стоки. Во некои економски субјекти констатирани се прекршоци за што се издадени прекршочни платни налози во висина од над 1.750.000 денари.

Пазарниот инспекторат постојано врши надзори и постапува во согласност со законите, годишниот и стратешкиот план за работа. Дополнително, покрај редовните контроли, постапува и по пријави доставени од граѓаните и им излегува во пресрет за секое прашање поврзано со нашите надлежности и делокруг на работа.

Законите ќе важат исто за сите, без селективност, а секој што нема да ги почитува, ќе биде санкциониран, информираат од ДПИ.