ИППГ за унапредување на правата на ЛГБТИ лицата со поддршка на трансродовите луѓе

Сподели

 

По повод одбележувањето на 31 Март-Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица, Интерпартиската парламентарна група за унапредување на правата на ЛГБТИ лицата, изразува силна поддршка на трансродовите лица, за заштита и унапредување на нивните права.

ИППГ за правата на ЛГБТИ лицата ќе продолжи со активности со цел спречување и заштита од дискриминација, насилство и стигматизација, со кои се соочуваат трансродовите луѓе во македонското општество.

Во таа насока, врвен приоритет е усвојување законска рамка со која ќе се обезбеди правно признавање на родот, што претставува и обврска на РС Македонија согласно пресудата на Европскиот суд за човекови права. За таа цел како пратеници членови на ИППГ за правата на ЛГБТИ лицата ќе поднесеме Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за матична евиденција.