Железничка несреќа во Холандија

Сподели

 

Едно лице загина, а околу 30 се повредени во железничка несреќа што рано утрово се случи во Холандија меѓу Хаг и Лајден, кога патничкиот воз излетал од шините откако удри во градежна опрема на шини. 

“До несреќата дошло откако возот, кој пренесувал околу 50 луѓе, удрил во градежна опрема која била оставена на шините во близина на селото Воршотен во западна Холандија. Несреќата се случила во 3:25 часот по локално време (1:25 часот по Гринич), во селото Воршотен, кога возот делумно излетал од шините”, пренесуваат локалните медиуми. 

Пемиерот на Холандија, Марк Руте рече дека се работи за „ужасна железничка несреќа“ и им изрази сочувство на жртвите и нивните семејства.